Синоќа во 22.56 часот на патот Кавадарци – Неготино на влезот во село Марена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(19) од село Марена и патничко моторно возило „пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Кавадарци.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „пасатот“ на кој му била укажана лекарска помош во кавадаречката болница, по што бил препратен во Ургентниот центар во Скопје.
Возачот на „голфот“ и сопатникот Д.Ф.(43) од Сопот, се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН-Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.