| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно гостување на Театар Комедија во Софија

Театар Комедија оствари успешно гостување во Софија, каде што на матичната сцена на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ на 19 и 20 декември одигра две претстави од својот репертоар, „Име“ од современите француски автори Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, во режија на гостинката од Хрватска, Ненни Делместре, и „Лисистрата“ од античкиот комедиограф Аристофан, во режија на Наташа Поплавска, соопштуваат од Театар Комедија.

На своето прво гостување на ансамблот наТеатар Комедија во Република Бугарија, во бугарските медиуми најавувано како: „Гостување на македонските ѕвезди во Софија“, Театар Комедија се покажа како достоен репрезент на македонската култура и уметност.

03332379-0ba3-478a-adfc-53ef7c2b8156

„Според одѕивот, приемот и овациите на публиката во Сатиричниот театар, кој следната година навршува 65 години постоење, повеќе од јасен е впечатокот дека Театар Комедија, и покрај своето четиригодишно постоење, е мошне сериозен театар, кој допрва ќе ги освојува европските и светските сцени. Меѓу другото, со гостувањето на Театар Комедија во Софија започна и потесната соработка помеѓу овие две театарски куќи што го негуваат жанрот комедија, а според договорот за соработка што го потпишаа директорите Јелена Жугиќ и Здравко Митков, веќе во наредната година се очекува гостување на Софискиот театар на матичната сцена на Театар Комедија“ се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top