| четврток, 6 декември 2018 |

Весела Богдановиќ, најдобрата македонска наставничка: Во нашата училница нема натпревар

Уче­ни­ци­те се мои парт­не­ри во кре­и­ра­ње на на­став­ни­от про­цес. Нив­ни­те идеи за ре­а­ли­за­ци­ја на на­став­ни­те со­др­жи­ни и за при­ме­на на не­стан­дард­ни ма­те­ри­ја­ли се бес­це­не­ти, а тие се­ко­гаш ужи­ва­ат ко­га на­став­ни­кот ќе ги ис­по­чи­ту­ва и ќе ги пра­ша за иде­ја или за мис­ле­ње, ве­ли Бог­да­но­виќ

Ве­се­ла Бог­да­но­виќ е од­де­лен­ски  на­став­ник во ОУ „Ко­чо Ра­цин“ во се­ло Ива­њев­ци, Мо­ги­ла, и е ед­на од пе­де­сет­те нај­до­бри на­став­ни­ци во све­тот. Бог­да­но­виќ сво­и­те пр­ви че­ко­ри кон ква­ли­тет­но обра­зо­ва­ние ги на­пра­ви­ла со фон­да­ци­ја­та „Че­кор по че­кор“, ко­га ка­ко сту­дент, во 2000 го­ди­на при­сус­тву­ва­ла на обу­ка­та во ос­нов­ни­те учи­ли­шта во Ма­ке­до­ни­ја. От­то­гаш, таа е нај­до­бри­от за­стап­ник на ме­то­до­ло­ги­ја­та ко­ја е на­со­че­на кон де­те­то и из­во­нре­ден ен­ту­зи­јаст, кој по­сто­ја­но се усо­вр­шу­ва и во сво­ја­та се­којд­нев­на пра­кти­ка при­ме­ну­ва нај­со­вре­ме­ни на­став­ни ме­то­ди. Неј­зи­ни­те уче­ни­ци се­којд­нев­но истра­жу­ва­ат, учат низ игра и учат со по­мош на ин­фор­ма­тич­ка­та тех­но­ло­ги­ја, ка­ко да се на­о­ѓа­ат во не­кое од­лич­но учи­ли­ште во ви­со­ко­раз­ви­е­ни­те зем­ји.

Го­ди­на­та што из­ми­ну­ва ќе ја па­ме­ти­те по мно­гу ра­бо­ти, но најм­но­гу по из­бо­рот за пе­де­сет­те нај­до­бри на­став­ни­ци во све­тот. Мно­гу­ми­на уче­ни­ци им за­ви­ду­ва­ат на Ва­ши­те уче­ни­ци би­деј­ќи им пре­да­ва ед­на од нај­до­бри­те пе­де­сет на­став­ни­ци во све­тот. Ве об­вр­зу­ва ова приз­на­ние? 

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: Мо­и­те уче­ни­ци и нив­ни­те ро­ди­те­ли ка­ко и уче­ни­ци­те и ро­ди­те­ли­те на де­чи­ња­та од прет­ход­ни­те ге­не­ра­ции низ из­ми­на­ти­те 13 го­ди­ни, се мои парт­не­ри кои со ср­деч­ност ги при­фа­ќа­ат мо­и­те идеи и се­којд­нев­но ја под­др­жу­ва­ат и ја охра­бру­ва­ат мо­ја­та ра­бо­та. Приз­на­ни­е­то „Гло­бал ти­чер прајс“ е наш за­ед­нич­ки ус­пех. Не би мо­же­ла да ре­чам де­ка ова приз­на­ние ме об­вр­зу­ва на не­кој на­чин за­тоа што љу­бо­вта кон про­фе­си­ја­та во ко­ја се по­све­ту­вам 24 ча­са со огром­но за­до­волс­тво, е ток­му таа ко­ја лич­но и сил­но ме об­вр­зу­ва да кре­и­рам и да ре­а­ли­зи­рам кре­а­тив­на на­ста­ва не­за­вис­но од на­гра­ди­те и приз­на­ни­ја­та. Сѐ што имам ка­ко иде­ја, изра­бо­тка, по­зи­тив­но и не­га­тив­но искус­тво при при­ме­на на идеи на час, ги спо­де­лу­вам јав­но, се­ко­гаш со на­по­ме­на де­ка тоа се мои искус­тва кои се­кој мо­же да ги ко­ри­сти до­кол­ку му од­го­ва­ра­ат во це­лост или да ги прис­по­со­би во сво­ја­та при­ме­на, спо­ред бро­јот на де­ца и спо­ред ус­ло­ви­те за ра­бо­та. Осо­бе­но вни­ма­ние по­све­ту­вам и сум по­све­ту­ва­ла на со­ра­бо­тка со огро­мен број ко­ле­ги со кои се­којд­нев­но ко­му­ни­ци­рам во на­со­ка на раз­ме­на на идеи и за­ед­нич­ка ра­бо­та на ба­ра­ње нај­до­бри уни­вер­зал­ни ре­ше­ни­ја. Бро­јот на кре­а­тив­ни на­став­ни­ци во на­ша­та зем­ја, во со­сед­ни­те и во да­леч­ни­те зем­ји е на­ви­сти­на го­лем, а јас ужи­вам што ток­му тие се мо­и­те нај­го­ле­ми под­др­жу­ва­чи.

12227068_10207858674614237_7665388995674321192_n

Мо­и­те уче­ни­ци и нив­ни­те ро­ди­те­ли ка­ко и уче­ни­ци­те се мои парт­не­ри

 

Ка­кви се ча­со­ви­те на ед­на од пе­де­сет­те нај­до­бри на­став­ни­ци на све­тот?

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: Уче­ни­ци­те се мои парт­не­ри и во кре­и­ра­ње на на­став­ни­от про­цес. Нив­ни­те идеи за ре­а­ли­за­ци­ја на на­став­ни­те со­др­жи­ни и за при­ме­на на не­стан­дард­ни ма­те­ри­ја­ли се бес­це­не­ти, а тие се­ко­гаш ужи­ва­ат ко­га на­став­ни­кот ќе ги ис­по­чи­ту­ва и ќе ги пра­ша за иде­ја или за мис­ле­ње. До­се­га не по­стои на­пи­ша­на ме­то­ди­ка на ра­бо­та ко­ја по­до­бро ќе мо­же да го на­со­чи на­став­ни­кот кон ква­ли­тет­на ра­бо­та од жел­би­те и од по­тре­би­те на де­ца­та. Во на­ша­та учил­ни­ца не­ма нат­пре­вар. Се­кој миг го ко­ри­стам за вос­пи­ту­ва­ње, со­ра­бо­тка, за­ем­на по­мош и за ра­ду­ва­ње на ту­ѓи­от ус­пех ка­ко на свој. Ре­у­по­тре­ба­та и ком­би­на­ци­и­те на ве­ќе под­го­тве­ни и прет­ход­но упо­тре­бе­ни ди­да­ктич­ки ма­те­ри­ја­ли се тај­на за обез­бе­ду­ва­ње­то бо­га­та, сти­му­ла­тив­на сре­ди­на за уче­ње во се­кое вре­ме. Ме­то­дот на ви­зу­ел­на и сен­зо­мо­тор­на сти­му­ла­ци­ја или ме­то­дот на уче­ње пре­ку сти­му­ла­тив­ни ди­да­ктич­ки по­ста­вки се ли­чен бе­лег и со­ста­вен дел на си­те на­ши актив­но­сти. Ме­то­дот „из­не­на­ду­ва­ње“ е уште ед­на ма­гич­на ала­тка ко­ја мно­гу ми по­ма­га за прив­ле­ку­ва­ње и на­со­чу­ва­ње на вни­ма­ни­е­то на де­ца­та во на­со­ка на во­о­чу­ва­ње и ана­ли­за, уче­ње пре­ку игра, зак­лу­чу­ва­ње по ана­ло­ги­ја и ре­а­ли­за­ци­ја на це­ли со сло­бод­на раз­ра­бо­тка на по­чет­ни идеи. Прин­ци­пи­те на до­стап­ност на раз­лич­ни средс­тва, акту­а­ли­за­ци­ја­та, из­бо­рот, са­мо­у­пра­ву­ва­ње на лич­но­ста и ко­о­пе­ра­тив­но­ста, се прин­ци­пи­те што овоз­мо­жу­ва­ат на­став­ни­от про­цес да доз­во­ли гра­де­ње на клуч­ни­те ком­пе­тен­ции на 21 век кај де­ца­та од нај­ма­ла во­зраст. Ме­то­дот „не­на­мет­ли­во на­мет­ну­ва­ње“ е всуш­ност клуч за мно­гу си­ту­а­ции во кои еду­ка­то­рот од ед­на стра­на са­ка и тре­ба да пре­не­се пре­циз­ни ин­фор­ма­ции, а од дру­га стра­на са­ка тоа да би­де спон­та­но, ка­ко дел од игра. Овоз­мо­жу­ва де­чи­ња­та лес­но да вле­зат во тра­га на откри­тие и са­ми да сти­га­ат до зак­лу­чо­ци пот­тик­на­ти од мал­ку не­на­мет­ли­во на­мет­ну­ва­ње. Ова е важ­но за са­мо­до­вер­ба­та на уче­ни­ци­те би­деј­ки ток­му са­мо­до­вер­ба­та нај­сил­но ги пот­тик­ну­ва на по­на­та­мош­ни ини­ци­ја­ти­ви и на актив­но вклу­чу­ва­ње актив­но­сти.

VeseWoods

Са­мо­до­вер­ба­та нај­сил­но ги пот­тик­ну­ва на по­на­та­мош­ни ини­ци­ја­ти­ви и на актив­но вклу­чу­ва­ње актив­но­сти

 

Аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да Ве из­бра за инс­пи­ра­тив­на же­на на го­ди­на­та во об­ла­ста на обра­зо­ва­ни­е­то. Кол­ку им бе­вте инс­пи­ра­ци­ја на Ва­ши­те уче­ни­ци и тие да го про­дол­жат Ва­ши­от пат или пак да се про­нај­дат се­бе­си во дру­ги об­ла­сти? 

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: Де­чи­ња­та се­ко­гаш ими­ти­ра­ат мо­де­ли на од­не­су­ва­ње кои им се се­којд­нев­но до­стап­ни. На тој на­чин ги гра­дат сво­и­те ста­во­ви, сво­и­те на­чи­ни на дејс­тву­ва­ње, од­не­су­ва­ње. Та­ка, кај де­ца­та кои учат во кре­а­тив­на сре­ди­на, а при­тоа се­којд­нев­но учес­тву­ва­ат во неј­зи­но кре­и­ра­ње, во го­ле­ма ме­ра се раз­ви­ва ди­вер­гент­но мис­ле­ње. Ста­ну­ва­ат лич­но­сти кои се­ко­гаш за еден проб­лем се оби­ду­ва­ат да нај­дат по­ве­ќе ре­ше­ни­ја до иде­ал­но­то, за еден пред­мет се оби­ду­ва­ат да нај­дат раз­лич­ни на­ме­ни. Во­оп­што не е важ­но ко­ја про­фе­си­ја ќе ја из­бе­рат во жи­во­тот за­тоа што јас се­којд­нев­но ги вос­пи­ту­вам на зна­че­ње­то, ко­ри­ста и за уба­ви­ни­те на раз­лич­ни­те про­фе­сии. Важ­но е тоа де­ка кре­а­тив­но­ста, ве­шти­ни­те за ме­ѓу­себ­на со­ра­бо­тка, за­ем­на по­чит, ра­ду­ва­ње и под­др­шка на туѓ ус­пех, ве­ру­ва­ње­то во сопс­тве­ни­те спо­соб­но­сти за из­на­о­ѓа­ње ре­ше­ни­ја и идеи, се клуч­ни вред­но­сти и ви­стин­ско бо­гат­ство на лич­но­ста, а со нив се­кој мо­же да би­де ус­пе­шен во про­фе­си­ја­та што ќе ја од­бе­ре ко­га ќе дој­де вре­ме за тоа.

До­де­ка го до­го­ва­рав­ме ин­терв­ју­то, Вие бе­вте во Ср­би­ја, на пре­да­ва­ња. Ка­же­те ни за ка­кви пре­да­ва­ња ста­ну­ва збор?

12250152_10207858685734515_103449226885410646_n

Кај де­ца­та кои учат во кре­а­тив­на сре­ди­на, а при­тоа се­којд­нев­но учес­тву­ва­ат во неј­зи­но кре­и­ра­ње, во го­ле­ма ме­ра се раз­ви­ва ди­вер­гент­но мис­ле­ње

 

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: Се ра­бо­те­ше за ме­ѓу­на­род­ни три­би­ни, кои со мо­ја­та ко­ле­шка Ма­ри­ја Пе­тре­ска ги одр­жав­ме во пет гра­да во со­сед­на Ср­би­ја, а имаа за цел За­јак­ну­ва­ње на струч­ни­те ком­пе­тен­ции кај вра­бо­те­ни­те во обра­зо­ва­ни­е­то. Три­би­ни­те се ре­а­ли­зи­раа на по­ка­на и во ор­га­ни­за­ци­ја на учи­тел­ско­то друш­тво „Ле­ско­вац“, под­др­шка од Со­ју­зот на учи­те­ли на Ср­би­ја, а со одо­бре­ние и акре­ди­та­ци­ја од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние, на­у­ка и тех­но­ло­шки раз­вој на Ср­би­ја ка­ко и За­во­дот за уна­пре­ду­ва­ње на обра­зо­ва­ни­е­то на РС. Точ­но 1.000 еду­ка­то­ри од Бел­град, Ниш, Кру­ше­вац, Про­куп­ље и Ле­ско­вац, по овие три­би­ни до­би­ја акре­ди­ти­ра­ни сер­ти­фи­ка­ти за струч­но усо­вр­шу­ва­ње. Пред еден ме­сец Ре­ги­о­нал­ни­от цен­тар за струч­но усо­вр­шу­ва­ње на вра­бо­те­ни­те во обра­зо­ва­ни­е­то Ча­чак, исто та­ка, ми овоз­мо­жи шан­са да одр­жам три­би­на за ко­ле­ги­те од тој ре­ги­он, а тоа го по­твр­ду­ва фа­ктот де­ка про­свет­ни­от ка­дар са­ка да со­ра­бо­ту­ва и да раз­ме­ну­ва идеи. На­ви­сти­на пре­крас­ни искус­тва и го­ле­ма чест во исто вре­ме.

Кои се Ва­ши­те жел­би и пла­но­ви за след­на­та го­ди­на на про­фе­си­о­на­лен план?

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: На по­ка­на и на де­лум­но спон­зорс­тво од стра­на на „Фон­да­ци­ја­та Вар­ки Џемс“, ко­ја ми го до­де­ли приз­на­ни­е­то „Гло­бал прајс“, имам шан­са да учес­тву­вам ка­ко ам­ба­са­дор еду­ка­тор на след­на­та це­ре­мо­ни­ја во Ду­баи и тоа е пре­крас­на мож­ност за раз­ме­на на идеи со ко­ле­ги­те од це­ли­от свет. Се ра­ду­вам и на со­ра­бо­тка­та со го­лем број ро­ди­те­ли отсе­ка­де. Тоа по­себ­но ме ра­ду­ва.

12141713_10207681310380242_4755016728399023359_n

Најб­ли­ски­те на­ви­сти­на вли­ја­ат во раз­во­јот на де­ца­та и во на­со­чу­ва­ње на нив­ни­те ин­те­ре­си

 

Ва­ше­то име е Ве­се­ла, а ве­лат де­ка име­то мно­гу го­во­ри за лич­но­ста што го но­си. Отсе­ко­гаш са­ка­вте да би­де­те учи­тел­ка, со ог­лед на тоа де­ка по­тек­ну­ва­те од учи­тел­ско се­мејс­тво?

БОГ­ДА­НО­ВИЌ: Име­то го нас­ле­див од сво­ја­та ба­ба, ко­ја исто та­ка бе­ше ве­се­ла и са­ка­на учи­тел­ка. Да, на­ви­сти­на сум ве­се­ла, се оби­ду­вам да би­дам по­зи­тив­на лич­ност ко­ја охра­бру­ва, со­ра­бо­ту­ва, пот­тик­ну­ва, ко­ја им да­ва са­мо­до­вер­ба и на дру­ги­те. И мо­јот де­до бе­ше учи­тел. Се­ко­гаш ја со­ну­вав оваа про­фе­си­ја и рас­тев со жел­ба­та за неа. Мо­ја­та мај­ка, исто та­ка, бе­ше про­све­тен ра­бот­ник, на­став­ник по ма­ке­дон­ски ја­зик. Ток­му од неа на­у­чив ка­ков тре­ба да би­де до­бри­от на­став­ник – про­фе­си­о­на­лец: нас­ме­ан, ср­де­чен, при­ја­тел со сво­и­те уче­ни­ци, парт­нер со нив­ни­те ро­ди­те­ли, при­ја­тел и со­ра­бот­ник со ко­ле­гитe. Од неа на­у­чив де­ка на­став­ни­от про­цес мо­же да би­де кре­а­ти­вен и за­ба­вен, не­за­вис­но од тоа со кол­ка­ва во­зраст на уче­ни­ци се ра­бо­ти. По­рас­нав со кни­ги и со днев­ни под­го­то­вки на ма­са­та во днев­на­та со­ба. Тоа е за ме­не нај­у­ба­ва­та до­маш­на ат­мо­сфе­ра ко­ја пот­тик­ну­ва на еду­ка­ци­ја и на кре­а­тив­ност. Та­тко ми ми ги рас­ка­жу­ва­ше нај­у­ба­ви­те при­каз­ни што ги па­ме­там и де­нес. Ве­ру­вај­те, пред еден ме­сец, ка­ко ма­ло де­те го за­мо­лив ме­не и на мо­ја­та вну­ка по­втор­но да ни ја рас­ка­же при­каз­на­та за ко­мар­че­то и за бум­бар­че­то. Не сум чу­ла не­кој да рас­ка­жу­ва по­у­ба­во, по­ин­те­рес­но. Од дру­га стра­на, че­сто ги ко­ри­стам не­го­ви­те идеи за пре­на­ме­на на от­па­ден ма­те­ри­јал за еду­ка­ци­ја. Иа­ко е ин­же­нер по про­фе­си­ја, во уло­га на ро­ди­тел на­ви­сти­на знае да би­де и до­бар учи­тел за сво­те де­ца и вну­ци. Најб­ли­ски­те на­ви­сти­на вли­ја­ат во раз­во­јот на де­ца­та и во на­со­чу­ва­ње на нив­ни­те ин­те­ре­си.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: При­ват­на ар­хи­ва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top