| четврток, 6 декември 2018 |

Интернет користат над 1,4 милион Македонци, а „Фејсбук“ милион

Во Македонија интернет користат 1.408.278 луѓе или 68,1 процент од населението, а милион луѓе се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат последните податоци на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

o-FASTEST-SLOWEST-INTERNET-SPEEDS-WORLD-CANADA-facebook

 

Од земјите во регионот, повеќе од Македонците интернет користат Хрватите (75 проценти), Словенците (72,8 проценти) и Босанците со 68,7 проценти, а помалку Србија (66,2 проценти), Грција (63,2 проценти), Албанија (62,7 проценти), Црна Гора (61,4 проценти) и  Бугарија  (56,7 проценти).

Според Интернет ворлд стат, во Европа интернет користат 604.147.280 луѓе. Во светот има 3,345 милијарди интернет корисници или 46,1 процент од вкупната светска популација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top