Делегацијата на Министерството за одбрана на чело со министерот Талат Џафери е во посета на мировниците од Армијата на Република Македонија кои се дел од силите ИСАФ, во Авганистан. Во делегацијата е и бригадниот генерал Стојан Димчов.
Ова е прва посета на министерот Џафери на македонскиот контингент во ИСАФ од неговото назначување на функцијата министер за одбрана.
Министерот Џафери остварил средба со заменик-командантот на ИСАФ, генерал-потполковник Ник Патрик Картер и заменик-најстариот национален претставник на НАТО, Ендру Штајнфилд. На средбата било разговарано за прогресот на демократските процеси во Авганистан, за капацитетите на авганистанските безбедносни сили, како и за планот за транзиција на мисијата.
Како што денеска соопшти МО, на средбата министерот Џафери посочи дека Република Македонија во целост ги поддржува напорите на меѓународната заедница за обезбедување на стабилна и безбедна демократска иднина за Авганистан. Тој истакнал дека нашата држава е подготвена во линија со потребите на Алијансата и со домашните капацитети, да учествува во новата мисија и да продолжи да дава несомнен придонес во унапредувањето на авганистанското општество и по 2014 година.
Покрај средбата со заменик командантот на ИСАФ и заменикот најстар цивилен претставник на НАТО, најавена е и средба на министерот Џафери заедно со делегацијата од МО со мировниците на АРМ на која ќе им изрази благодарност за покажаните знаења, вештини и професионалност во извршување на поставените задачи. Истовремено ќе им даде поддршка тие и понатаму да продолжат да ја градат сликата за Армијата на Република Македонија како еден од темелите на безбедноста и развојот, во глобални рамки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст