| четврток, 6 декември 2018 |

Секој хороскопски знак има свој скапоцен камен-чувар, дознајте кој е вашиот

Секој хороскопски знак има свој скапоцен камен – чувар, дознајте кој е вашиот.

ОВЕН

Дијамант е зодијачкиот заштитник на овните. Традиционално тој е симбол за чистотата и невиноста. Според легендата, тој го штити оној кој го носи на левата страна на телото.

БИК

На бикот му одговара смарагдот. Овој скапоцен камен е симбол на константна и вистинска среќа за сите бикови. Ако е добро обработен, тој има голема сила за да го врати изгубениот вид. Легендата вели дека Нерон го носел секогаш за време на гладијаторските борби за подобро да гледа.

БЛИЗНАЦИ

Камен заштитник за близнаците е ахатот. Тој е полускапоцен камен чии мистични својства носат здравје и долг живот на оние кои го носат, а особено близнаците. Порано се верувало дека овој камен носи способност за ораторство и дека го штител сопственикот од главоболка.

РАК

Рубинот е среќен камен на родените во овој знак. Овој светликав камен варира од розова до темно црвена боја и е симбол на слобода, достоинство и силата. Освен тоа е заштитник на љубовта тој дава моќ да се врати изгубената љубов.

ЛАВ

Заштитник камен за лавовите е Сардониксот. Овој убав црвено-кафен полускапоцен камен ја чува храброста и силата. Заштитник е на бракот и дамата која го носи на венчавката се верува дека ќе има среќен брак.

ДЕВИЦА

Хризолитот е заштитен камен на овој знак и има зеленкасто-жолта боја. Симбол е на среќата и верноста. Особено е среќен за девиците, но можат да го носат и лавовите. Во минатото се сметало дека бил корисен за да ги брак духовите и да осигура цврст сон.

ВАГА

Опалот е среќен камен за вагите. Порано го нарекувале камен на надежта, тој светка дури и кога не е обработен. На исток долго време верувале дека ги подобрува видот и меморијата.

ШКОРПИЈА

Топазот ја чува шкорпијата. Тој е полудраг камен кој може да биде жолта, бела, розева или некоја друга боја. Заштитник е на љубовта, лојалноста и успехот на работата.

СТРЕЛЕЦ

Заштитник на стрелецот е Тиркизот. Тоа е полускапоцен камен со прекрасна сина боја. Коњаниците го сметале за свој талисман бидејќи верувале дека ги чувал и коњите и јавачите на нивните чести и долги патувања. Се верува дека штити од љубомора.

ЈАРЕЦ

Среќен камен за јарецот е Гранатот. Станува збор за полускапоцен камен со темноцрвена боја. Симбол е на верноста, квалитет според кој јарците најмногу се почитуваат.

Старите римјани, Грци и Египќани го сметале за камен владатар кој носи сила, моќ и лојалност.

ВОДОЛИЈА

Главен заштитник на луѓето родени во овој знак е Аметистот, полускапоцен камен со прекрасна розова и понекогаш виолетова боја. Се сметало дека со неговата мистична моќ инспирира на добрина и високи идеални. Традиционално Аметистот е камен љубовник, а старите Грци ги штител од труење, пијанство и мамурлак.

РИБИ

На рибите како воден знак најмногу им одговара Аквамаринот. Овој сјаен скапоцен камен името го добил од латинските зборови вода и море бидејќи неговата боја потсетува на бојата на морето. Се верува дека носи хармонија, среќа во брак па затоа одличен избор е за веренички прстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top