| четврток, 6 декември 2018 |

Дури и на анкетата креирана од „Продавачите на скапа магала”, СДСМ и Заев убедливо губат

vmro-dpmne-sdsm

Агенцијата Фактор Плус Адрија од Србија денеска излезе со мерење на рејтинг во Македонија. Според резултатите на прашањето За која политичка партија ќе гласате на предвремени парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека ќе гласаат 29,5 отсто од испитаниците, а за СДСМ 21,4 отсто.

Она што е воочливо, резултатите на ваквата анкета покажуваат помала разлика во рејтинзите меѓу двете најголеми политички партии споредено со сите претходни релевантни анкети, почнувајќи од таа на реномираниот Интернационален Републикански институт од САД, преку анкетата на Брима Галуп па се до институтот ИПИС.

Причината за ова лежи во тоа што оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е  компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.

Ниту Рускин и Хант не го пере Заев

Naslovna168-740x320

„Република“ веќе објави дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Според нашите сознанија повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ. Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.

Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Тогаш објавивме дека Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top