Град Скопје финансиски е стабилен. 2015 беше една од финансиски поуспешните години и благодарение на тоа се почнаа и завршија добар дел проекти, оцени на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
За 2016 година предвидено е да се заврши последната фаза од проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ во Ѓорче Петров, ќе се реконструираат улицата „Сарај“ и улицата во село Глумово…
– Ќе го почнеме кружниот тек кај Хубо маркет на булеварот „8 Септември“, ќе ја ја почнеме фекалната канализација по булеварот „Партизански одреди“, од улицата „Московска“ до „8 Септември“. Ќе го почнеме и завршиме булеварот „Тодор Александров“, од Клиничкиот центар кон Панорама, до првата кривина, за кој веќе имаме избрано изведувач, рече Трајановски.
Во 2016 ќе бидат завршени булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, а ќе се реконструира и дел од улицата „Народни херои“ во општина Кисела Вода.
– Минатата година ја почнавме 2 фаза од булеварот „Трета македонска бригада“ и во 2016 тој ќе биде завршен. Ќе го завршиме и продолжувањето на булеварот „АСНОМ“ од последната станица на автобусот со број 5 кон улицата „Тодор Чангов“. Ќе го поврземе булеварот „Васко Карангелески“ со „Трета македонска бригада“, во делот каде беше Воениот базен, рече Трајановски.
Во Општина Аеродром ќе се заврши паркот, кој е еден од најголемите по Градскиот парк, со 80 илјади метри квадратни. Ќе почнат да се градат и други паркови во општина Аеродром.
Ќе бидат завршени булеварот „Маџари“, кружниот тек на „16 Македонска бригада“, меѓу населбите Железара и Автокоманда, ќе се почне и заврши булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во делот на Чаир, од Веро до седиштето на општината. Ќе се прошири булеварот „Никола Карев“ или „Палстичарска“ со четврта лента, ќе се почне и заврши атмосферската канализација во општина Чаир, од Средното училиште „Цветан Димов“, по „Џон Кенеди“, „Кемал Ататурк“ до булеварот „Цветан Димов“, во вредност од 50 до 60 милиони денари.
Трајановски потсети дека почна првата фаза од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во општина Бутел, кој ќе заврши во 2016. Планирана е реконструкација на дел од улицата „Александар Урдаревски“ кон гробиштата Бутел, почната е атмосферската канализација по „Боца Иванова“, која и се проектира, а општина Шуто Оризари ќе добие нов водовод.
– Ќе продолжиме со градењето паркови и садењето дрвца во Скопје. Во 2016 ќе засадиме 10 илјади нови дрвца по булеварите, парковите…, рече Трајановски и потенцира дека нити една скопска општина не е запоставена. Тој изрази надеж дека до Нова година ќе биде готова првата рута од вело патеките во проектот „Скопје вело град 2017“, од општина Гази Баба до „Сити мол“ во Карпош.
Трајановски презентирајќи го сработеното во 2015, потсети дека е изграден најголемиот кружен во Скопје, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Ацо Шопов, кај Порта Влае, завршена е третата фаза од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од проширувањето на улицата „Јордан Мијалков“, изградена е модерна катна гаража „Тодор Александров“, обновен е коловозот на дел од булеварот „Јане Сандански“…
– Ги отстранивме штетните азбестни покриви на сите средни училишта на Град Скопје, што претходно беа покриени со азбестни плочи и ги реконструиравме објектите на 9 средни училишта, ги гасифициравме средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“, потсети Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)