| четврток, 6 декември 2018 |

Додека Катица ги чека, материјалите на Заев го „вртат“ Балканот

katica-zaevДодека се сети Катица Јанева дека Зоран Заев ја постави специјално за да манипулира со неа како сака, доказните материјали на нејзиното обвинителство го вртат Балканот.

Ако истрагата на Основното обвинителство за Фабриката за афери во компјутер најде фолдер „СДСМ- Заев“ со 70-тина илјади разговори, прашање е уште кај колкумина сомнителни карактери има вакви папки со материјали, кои наместо како доказ, ќе послужат за уценување на незаконско прислушуваните?

На сите им е јасно дека Заев изигрува „алфа и омега“ за тоа дали и како треба да функционира Јанева, но зошто таа молчи и покрај очигледните преминувања на сите норми од Заев?

Конечното прашање сега, по сите пробивања на роковите и дрскоста на Заев да оценува дека имал подобри услови да ги чува доказите од Специјалното му обвинителство, за потоа материјали да се откриваат по криминални структури, е дали Јанева конечно ќе повлече барем еден чекор со кој ќе ги оправда парите кои и ги одобрија?

Дали Јанева и овој пат ќе прогледа низ прсти и ќе го премолчи срамот дека Заев оценува дека нејзиното Специјално обвинителство нема услови, а услови за чување имал Чаушот? Дали Јанева ќе ја преземе одговорноста ако снимените телефонски разговори потоа се појават во некој друг криминален случај за уценување, рекетирање, и кои ли уште не можности што таа им ги остава на криминогените структури со тоа што не застанува со цврст став најважниот доказен материјал, заради што и е и назначена како Специјална, веднаш во целост да и биде предаден?

Јанева има и законска можност во членовите 194 и 195 од Законот за кривичната постапка да побара од судија наредба сама да ги одземе снимките што се уште ги поседува Зоран Заев без да чека тој самоволно да го направи тоа.

Тоа што таа изјавува дека „му верува“ на зборот на Заев, треба да е свесна дека на неговиот збор сега не веруваат ниту најблиските соработници. Од Јанева се очекува дела, а не преписки со Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top