| четврток, 6 декември 2018 |

Почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев

По кратко боледување, синоќа почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот Совет на ЛДП, борец за човекови права и нејзин истакнат член.

Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев во минатото извршувал значајни функции како амбасадор и постојан претставник на Р. Македонија во Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) и Светската Трговска Организација (СТО) во Женева, Швајцарија, бил советник во општина Кисела Вода од редовите на ЛДП, советник на министерот за економија, како и директорски позиции на повеќе приватни компании. Последна функција која ја извршуваше беше главен извршен директор на кошаркарскиот клуб “Работнички“ од Скопје од 2013-та до 2015-та година.

Погребот на посмртвните останки ќе биде извршен во сабота, во 12, на Градските гробишта “Бутел“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top