Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
-Празнувањето на Божик секогаш нè навраќа на Светото предание кое започнува со Витлеемската ѕвезда, раѓањето на Синот Божји кој ја прими човечката природа и стана човек. Чествувајќи го Божик ги славиме љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божикната порака за вистината за верата, за човечноста и за хуманоста е глас кој треба да го продолжиме, стои во честитката од Иванов.
Божик, како што посочува македонскиот претседател, е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. – Нека Бадниковата вечер и Божик внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, затоа да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените, посочува Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



