| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Јовковска и Дарко Лешоски во Прилеп ќе ги промовираат своите книги

Новинарката и книжевник Ана Јовковска и Дарко Лешоски, поет и активист во петок, во 20,30 часот во Прилел во клубот „Галери хаус паб“ ќе ги промовираат „Пулсот и времето“ на Јовковска и љубовната поезија на „Дете од лоша фамилија“ на Лешоски.

Нивната читаност и влијателност на социјалните мрежи не се затвора во кругот на виртуелното, ами и овој пат преку печатените изаданија и заложбите за интерактивност во културата, Јовковска и Лешоски отвораат полиња за културен натпревар меѓу луѓето. Нивниот перформанс ќе го облагороди музичкиот мелос на групата „Чалгија саунд систем“.

a675a4fc-a2b2-472f-959d-3ab1e6b86aa5
„Душата е дете. Сите души се деца. Како мали деца се радуваме со Дарко Лешоски на нашата заедничка книжевна дружба. А јас и Дарко сме толку различни, како црното и белото во еурокремот. Тој е релаксиран поет, декаден вљубеник во уметноста, вулгарен, но искрен до срж, а јас сум „контрол-фрик“, ситничарам врз нијансите на секој интерпукциски знак, барам виножито во ставовите и со лупа ги барам скриените значења зад секој збор. Дарко и забива нокти на ноќта, а јас енергијата ја црпам од првиот сончев зрак на денот. Тој поминува на црвено, а јас чекам на зелено. Но имаме барем нешто заедничко – вљубени сме во пишувањето и во животот…и непоправливо веруваме во победата над злото! И двајцата сме емотивни вампири и се храниме од чувствата на луѓето на кои им значи она што го работиме, толку различно, а сепак споено во еден заеднички предновогодишен, културен настан во Прилеп- вели Јовковска.
„Пред луѓе читам ретко. Ова ми е втор или трет пат годинава. Мекнеам ко млада невеста. Ќе има и музика додека читаме и зборуваме јас и Ана. Ана е ден. Јас сум ноќ. Но, една работа секогаш ќе се сложиме: Сите ќе умреме! Да, ама поезијата и убавиот збор прави полесно да го прифатиме тоа. Јас полесно да го пребродам денот, Ана полесно да ја преброди ноќта- вели Лешоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top