| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарец не кренал рачна, возилото завршило во бутик

Паркиран автомобил ноќеска сам се придвижил и удрил во излог во строгиот центар на Кавадарци. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

– Во  1 часот 15 минути  на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „пежо 407“ со кавадаречки регистерски ознаки кој бил паркиран од 36-годишен жител на Кавадарци, сам се придвижил и удрил  во излог на  бутик,  лоциран на истата улица, рече таа.

Како што објасни Стојковска, до несреќата дошло „поради оставање на возилото без непосреден надзор, односно не преземање потребни мерки со кои  ќе се спречи возилото само да тргне”.

Екипа од полициската станица од општа надлежност Кавадарци изврши увид на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top