Сѐ повеќе Бугари доаѓаат во Македонија за да користат стоматолошки услуги бидејќи кај нив цените се за два до три пати повисоки. Најблиска дестинација која ја посетуваат за заболекар е Делчево.
Бугарскиот весник „Стандарт“ пишува дека за мост, четири пломби и вадење заб во Бугарија се плаќа 1.000 лева, а во Делчево сето ова чини 400 лева.
Растојанието од Благоевград до Делчево е 38 километри така што, како што наведува весникот, оваа стоматолошка екскурзија изгледа добро дури и да се пресмета горивото за возилата. Дури за стоматолошките услуги во Делчево се плаќа во бугарски левови.
Бугарите исто така одат во Македонија да набават и бензин поради различната цена на горивата од двете страни на границата. Така, според бугарската „Нова теелвизија“ литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева.
Пред неколку години Благоевград беше привлечна дестинација за стоматолошки туризам за странците, особено за Грците, но сега работите се сменети. Сега, редовни клиенти во грчките аптеки се Бугарите каде многу лекови набавуваат по намалени цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.