| четврток, 6 декември 2018 |

Русија за пет дена уништила 1093 цели на ИД во Сирија

rusiq-e-porazila-1093-celi-na-id-v-siriq-za-pet-dni-346558

Руските воздухопловни сили извршиле 302 летови над Сирија во периодот 18 декември до 23 декември и поразиле 1093 цели на групата ИД.
Меѓу уништените објекти се камп за обука на џихадисти, во кој имало борци од Турција и од земјите од Заедницата на независни држави.
Истовремено САД и нивните сојузници за последните 24 часа, нанеле 24 удари по објекти на ИД во Сирија и во Ирак, јави Ројтерс.
Во Ирак се нанесени осум удари во реонот на Мосул и уништени се оружје, борбени позиции и воена техника. Четири удари се нанесени во реонот на градот Рамади. Седум удари се нанесени по други ирачки градови, вклучувајќи ги Тал Афар, Синџар, Фалуџа.
Во Сирија ударите уништија борбени позиции на џихадисти, оружје, минофрлачи и други цели во регионот на Ракка, Хасака, Хаул и Манбиџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top