Врските на далечина се тешки, но ако се има желба, има и начин…
Не бидете очајни. Некои денови ќе имате многу обврски и нема да имате време да се посветите на врската. Не се препуштајте на лошите мисли. Појдете во фитнес центар, на маникир, на пијалак со пријателките, исчистете го станот, одете во прошетка и со насмевка чекајте го неговиот повик. Меѓутоа, не дозволувајте да живеете од еден до друг негов повик, исполнете го своето време со ситници кои ве развеселуваат и тој ќе ве обожува.
Редовно комуницирајте. Комуницирањето е секако темел на секој квалитетен однос. Далечината меѓу вас нема да биде никаква пречка ако имате навика меѓусебно да комуницирате, по пораки, телефонски разговори, или преку социјалните мрежи. Не паничете ако некој од вас во одреден момент не успее да се јави на мобилен, не е логиран на фејсбук или нешто слично, не се препуштајте на негативни мисли. Негувајте го пријателството. Одржувајте контакт како со своите, така и со неговите пријатели. Не бидете премногу досадни. Така ќе успеете неговите пријатели да ве спомнат кога и да се слушнат со него.
Одржувајте ја желбата за секс. Мора да ја одржите хемијата меѓу вас двајца, без оглед што ретко се гледате. Кога се гледате, средете се и бидете женствени, заведете го и говорете му колку го сакате и секоја прилика користете ја за секс. Кога не сте заедно, заведувајте го со секси пораки. Пратете му порака во која ќе му опишете како токму на своето голо тело нанесувате лосион или како токму ги облакате неговите омилени чипкасти гаќички. Наведете го тој да ја заврши приказната.
Користете визуелни трикови. На пример, ќе го видите својот фраер за осум дена, испечатете осум фотографии од градот каде што е тој моментално и ставете ги на видно место во својата соба. До нив ставете и некоја негова слика. Секој ден тргнете по една фотографија и така ќе имате чувство дека денот на средбата се повеќе се наближува. Ако ова ви личи глупаво, можете да одберете било каков друг трик за визуелно одбројување.
Изненадување. Порака за добро утро или за добра ноќ е потребна за одржување на вакви врски. Неговите пораки, како на пример „Ми недостасуваш‟, „Едвај чекам да те видам‟ ќе ви даваат слика и желба да истраете и да ја одржите својата врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.