| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за луѓето од Западот во Пекинг околу божикните празници

пекинг

Американската и британската влада се предупредени за „заканата на која се изложени“ нивните државјани во Пекинг, околу претстојните божикни празници, потврдено е во Вашингтон и во Лондон.

Заканата за која не се соопштува од каде потекнува, ниту од кого доаѓа, се однесувала и за сите други „луѓе од Западот“ во кинескиот главен град.

Според америкаската телевизија Си­Ен­Ен функционери на САД и на Британија признале дека имаат информации за можната закана за луѓето кои ги посетуваат популарните барови и ресторани во Пекинг , како и трговските центри, када западните државјани и туристите обично се собираат. Нема други детали за заканите кон „некинеските државјани„ во Пекинг, за време на Божик, освен што властите на Кина го подигнаа нивото на безбедносна тревога на „жолта фаза„. „Жолтата тревога“ е втората по значење (и тежина) тревога во Кина, од вкупно четирите нивоа на безбедносна закана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top