Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој доби висока казна од УЕФА поради позитивниот допинг тест во септември по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, добри огромна подршка од својот тим Динамо Загреб кој одлучи да не го раскине договорот со својот капитен. Раководството на клубот одлучи да го поддржи во овие тешки мигови, како и во наредните години додека трае суспензија и нема да го раскине договорот со Адеми. Тој има уште четири и пол години од договорот со Динамо Загреб. Одлука за секоја пофалба, која дефинитивно го вбројува Динамо Загреб во клубовите со европски манири.
– Ние рековме дека ќе застанеме зад Адеми и ќе настојуваме да му помогнеме најмногу што можеме во овие за него тешки мигови. Остануваме на тоа и немаме намера да го раскинеме договорот, без разлика каква ќе биде разврската за случајот и одговорот од жалбата – изјави генералниот директор на Динамо Загреб, Томислав Светина.
Аријан Адеми по одлуката на УЕФА, каде немаше право на жалба, а доби максимална суспензија од четири години, се жалеше до Спортскиот суд во Лозана. На оваа второстепена инстанца ќе биде дозволено и испитување на сведоци, а надежите се дека првичната одлука на Европската куќа на фудбалот ќе биде значително намалена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент