Американскиот милијардер Доналд Трамп, претендент за републиканската претседателска кандидатура за изборите во 2016 година, во најновите анкети ги остави значително зад себе своите ривали.
Според анкетата која ја спроведоа „Си-Ен-Ен“ и „О-Ер-Си“, меѓу гласачите Трамп од републиканците води со 39 отсто поддршка, додека сенаторот Тед Круз е на второ место со 18 проценти.
Трамп во однос на анкетите од ноември доби два процента поддршка, што покажува дека неговите контроверзни изјави не нанеле штета.
Од другите републикански кандидати, сенаторот Марко Рубио и поранешниот неврохирург Бен Карсон имаат десет проценти поддршка од гласачите, додека на петто место е гувернерот Њу Џерси Крис Кристи со пет проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.