Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ ќе учествува во уметничката програма, која Меѓународниот олимписки комитет ја подготвува за претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, Бразил.
Раководителот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ – Битола Коста Хаџиантоновски истакна дека по Сиднеј, Атина, Пекинг и Лондон, „Мал битолски Монмартр“ ќе учествува со специјална ликовна изложба и во Рио.
– Потврдата за учество во Рио пристигна, а темата на ликовната изложба не ја менуваме и останува иста „Олимпијадата во очите на децата“. Во Бразил сакаме да се претставиме во најдобро издание затоа што се сметаме за бренд во Македонија и во светот и повторно да ја оправдаме довербата на Меѓународниот олимписки комитет, истакна Хаџиантоновски.
Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола денеска го објави меѓународниот повик за учество на најновото издание на „Мал битолски Монмартр“ што ќе се одржи на 24 мај во Битола, Охрид и во Крушево.
– Задоволни сме од постигнатото во 2015 година и со исти амбиции ја дочекуваме новата 2016 година. Во оваа година нашите членови беа наградени на меѓународните ликовни манифестации во Канагава во Јапонија, Хајдерабад во Индија, Нова Загора и Банско во Бугарија, Троа во Франција, Белград во Србија, Голешти во Романија, Торун во Полска и Хонг Конг во Кина. Специјалните признанија, медали и плакети ќе ги врачиме на 25 јануари, кога сите наши членови го одбележуваат роденденот на еден од најголемите пријатели на студиото, Тоше Проески – посочи Хаџиантоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст