| четврток, 6 декември 2018 |

Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов

киро

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божик што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед. ­

-Драги браќа и сестри, празнувањето Божик секоја година ни овозможува да ја искажеме кон своите најблиски, но и кон сите луѓе со добра волја, секогаш старата, но во исто време нова порака која Божик со себе ја носи. Не, тоа не е сеќавање на некој настан кој што поминал, туку тоа е секоја година нов настан. Ние христијаните не славиме, барем не во литургијата, некој си спомен, туку настан. За нас Исус Христос, како вели апостол Павле, е вчера, денес и секогаш. Славејќи го живиот Бог кој стана човек на сите луѓе ја навестуваме Радосна вест на спасението, се вели во честитката на бискупот Стојанов. Мојата порака до верниците кои празнуваат Божик, а и до сите луѓе со добра волја, посочува бискупот, е овие денови да се отвораат кон милосрдието и да пружат рака на оној кој е сиромашен и гладен, да избришат солза на оној кој е жалостен, да го посетат оној кој е болен и тоа без разлика на вера и нација, зашто Бог не прави разлика меѓу луѓето. ­ За Него вистински сме браќа и сестри. Нашата блажена Мајка Тереза тоа најдобро го покажа дека Бог го љуби човекот работејќи во далечната Индија каде стана Мајка на сиромасите. Ви го честитам Божик со една единствена желба и молба, а тоа е: отворете ја вратата на вашите срца и ќе видите дека св. семејство стои пред вашите врати и моли влез. Примете го и донесете му среќа и радост, а со тоа ќе почувствувате дека е вистина што некој рекол: „Да не бидеш сакан е тешко, а да не сакаш е трагедија“. Ви посакувам Божик со настаните на љубовта, милосрдието и добрината да влезе во вашите срца, во вашите семејства, во вашите домови и ви го донесе својот непроценлив мир. Христос се роди!- стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top