Зоран Заев, лидерот на СДСМ и Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Македонија се последните со кои разговарал со мобилен телефон еден од осомничените во случајот „Фабрика за афери на СДСМ“, објави порталот „Прес24“.
Како што објавува порталот, при спроведувањето на претресите, осомничените најпрвин биле многу самоуверени некриејќи дека имаат заштита, за малку потоа, кога полицијата почнала да ги одзема материјалите, да почнат да вртат по телефони.
„Прес24“ понатаму пишува дека при направената проверка во телефонот на еден од нив, утврдено е дека направил повик кон број регистриран на Општина Струмица, на кој одговорил лично Зоран Заев. Набргу потоа стигнал и повратен повик од технички назначениот Министер Оливер Спасовски кој откако се слушнал со осомничените започнал да врти кај повеќе лица од МВР за да се информира што точно се случува.
Заев и Спасовски вчера потврдија дека се познаваат со осомничените во случајот „Фабриката за афери“ и не негираа дека соработувале со нив.
Според извори на „Прес24“ паниката во СДСМ била толку голема што вечерта Спасовски бил испратен лично да провери што се одзела полицијата. Но случајот и доказите веќе биле во рацете на надлежниот Јавен обвинител, а Спасовски не добил пристап до материјалите. Како анегдота низ МВР се раскажува дека Спасовски во паника си го заборавил и палтото при неуспешниот обид да види што се паднало во раце на полицијата.
Токму Заев вчера бледо ја убедуваше јавноста дека Спасовски ја иницирал истрагата, за два часа подоцна сета одогворност да ја префрли на Јавното обвинителство. Обвинителство денеска потврди дека професионално изведената акција била максимално конспиративна и знаеле само оние кои требало да ја реализираат
„Прес24“ вчера ексклузивно објави дека над 70.000 незаконски прислушувани материјали од македонски политичари биле пронајдени во компјутерот на прво осомничениотво „Фабрика за афери“ Захир Бекири. Биле сместени во посебен фолдер со наслов „СДСМ – Заев“. Фолдерот бил креиран во септември годинава неколку месеци откако Заев со договорот од Пржино се обврза снимките да му ги предаде на Специјалнот обвинителство.
Денеска и Јавното обвинителство потврди дека во компјутерите на осомничените се пронајдени незаконските снимки. Обвинителот потврди и дека машините за печатење најдени во акцијата соодветствуваат со оние кои се гледаат на снимките кои ги објави Фокус.
Како што дознава „Прес24“ податоците кои се најдени во компјутерите на осомниччените потврдуваат токму на тие компјутери се подготвувани фалсификуваните лични карти но и пасошите, афера која неделникот на СДСМ, Фокус ја објави минатата година и за кој нивниот новинар доби награда од Македонскиот институт за медиуми и Европската унија.
Фалсификаторите од СДСМ не само што изготвувале лични карти и пасоши, туку тие подготвувале и афери за опозицската партија, објавува „Прес24“.
Од извори на истрагата „Прес24“ објавува дека се пронајдени фалсификувани бугарски пасоши со имиња на високи функционери од власта меѓу кои и премиеропт Груевски и повеќе министри.
Пронајдени се и фалц обрсасци од сметки во швајцарски банки на кои требал ода се стават имиња на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и истите да се користат во предизборната кампања на СДСМ за да се обвини власта дека незкаонски извлекувала пари во Швајцарија.
Спасовски денеска демантираше дека контактирал со осомничените.
Комплетната акција за разбивање на фабриката за афери на СДСМ според извори од истрагата била максимално конспиративна и за неа знаеле само оние кои требало да ја спроведуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст