| четврток, 6 декември 2018 |

Евгениј Поп Ацев е спортист на Македонија за 2015 година

Најдобар спортист на Македонија за 2015 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт, е маратонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој го освои првото место во Светскиот Куп во маратонското пливање, а го исполни и сонот еден Македонец да стане победник на Охридскиот пливачки маратон. За најдобра спортистка на Македонија е избрана кикбоксерката Стефани Тодорова.

Кире Лазаров е избран за најуспешен македонски спортист во странство, Ракометната федерација на Македонија го доби признанието за најдобра спортска федерација. За најдобар тренер е избран селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Жарко Ристоски.

НАЈДОБАР СПОРТИСТ ЗА 2015  

Евгениј Поп Ацев (пливање)

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО СТРАНСТВО

Кире Лазаров (ракомет)

НАЈДОБРА СПОРТИСТКА ЗА 2015

Стефани Тодорова (кик бокс)

НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА

Ракометна федерација на Македонија

НАЈДОБАР ТРЕНЕР

Жарко Ристоски (одбојка)

НАЈДОБАР МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Ракометна репрезентација

НАЈДОБАР ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Карате – тим

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ

Андреј Стојановски (пливање)

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ

Филип Талевски (ракомет)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top