Здравствените агенции, потврдиjа дека сириските бегалци пренесуваат лајшманиоза во Либан и Турција, каде што болеста тешко се лекува и третира.
Лајшманијаза е болест предизвикана од протозоа паразити од родот Лајшманија и се шири преку убоди од одредени видови на песочни муви.
Симптомите на лајшманиоза се рани на кожата кои се зголемуваат во првите неколку седмици до неколку месеци откако лицето ќе биде каснато од заразена песочна мува.
Пациентите можат да бидат заразени од оваа паразитска болест без да покажат симптоми со недели, месеци, па дури со години, и асимптоматскиот пациент, најверојатно, не знае е носител. Претходно овој месец, медиумите објавија вест дека Исламската држава е причината заширење на лајшманиоза, бидејќи – како што соопшти британското списание Mirror –милитантите „колат невини луѓе и нивните тела ги фрлаат на улица.“
Бегалците кои ќе влезат во САД мора да се подложат на медицински тестови во согласност сопротоколите утврдени од страна на Центрите за контрола на болести и превенција, или CDC.
На секој бегалец мора да му се направи физички преглед, вклучувајќи тест на кожа и евентуално на градите со Х-зраци за да се провери постоење на евентуална туберкулоза, како и тест на крвта за сифилис.
Тестовите на крвта моментно не ја откриваат лајшманиозата, бидејќи лекарот го воочувааевентуалното нејзино постоење со физички преглед на пациентот. Сепак, опасност и натаму постои, доколку пациентот е асимптоматски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст