| четврток, 6 декември 2018 |

САД биле подготвени да предизвикаат Трета светска војна!

Американските власти за време на Студената војна биле подготвени да употребат нуклеарно оружје и тоа не само за да се намали воениот и индустриски потенцијал на СССР туку и со цел да се изврши масовно убиство на советските граѓани, се наведува во еден напис на „Њујорк тајмс“, а пренесува „Спутник“.

Новинарите на американскиот весник како докази имале тајни документи кои првпат биле откриени во Националниот архив на САД. Во материјалите од 1959 година постои список на цели на кои Вашингтон бил подготвен да гаѓа со нуклеарно оружје, а кои се наоѓаат во СССР, Кина и во една од земјите на Источна Европа.

Американската војска во Москва издвоила 170 цели кои биле предвидени за „системско уништување“ во Санкт Петерсбург 145, во Источна Европа 91. Многу од објектите биле индустриски комплекси и владини згради. Меѓу целите се наоѓале и граѓани.

Во документите немало детален опис на објектите ниту нивни точни адреси, така што овие информации и понатаму се тајна.

„Њујорк тајмс“ додава дека се работи за план кој бил подготвен пред времето на интерконтиненталните ракети кои се лансираат од подморница. Во тоа време за достава на нуклеарно оружје се користени бомбардери.

Весникот исто така наведува дека САД во голема мерка биле пред СССР, располагале со 10 пати повеќе нуклеарен арсенал и се обиделе својот непријател да го опкружат со што е можно поголем број бази со бомбардери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top