Просечната бруто заработувачка во 2014 година по вработен во земјава изнесувала 397.739 денари годишно. Просечната годишна заработувачка на мажите во Македонија изнесувала 419.999 денари, додека кај жените е пониска и изнесува 369.711 денари. Најголема била заработувачката во финансискиот и осигурителниот сектор, а според регионот во скопскиот.
Анкетата за структурата на заработувачката на Државниот завод за статистика покажува дека просечната бруто заработувачка на членовите на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори изнесувала 799.795 денари, на директорите на производствени претпријатија и институции за специјализирани услуги таа изнесува 915.637 денари, на стручњаците и научниците 545.022 денари, кај техничарите и сродни занимања 412.758 денари, на службениците 346.527 денари, работници во услужни дејности и продажба 264.295 денари, стручни работници во земјоделството, рибарството и ловот 244.967 денари, занимањата за неиндустриски начин на работа во производството 270.975 денари, ракувачи и составувачи на машини и постројки имале просечна бруто заработувачка 270.222 денари, елементарни занимања 239.745 денари, кај воените занимања просечната бруто заработувачка изнесувала 402.672 денари.
Според степенот на образование, највисока била заработувачката кај оние со високо од 573.138 денари, со више 484.968 денари, со средно 321.617, со основно 273.526 и со незавршено основно образование 255.526 денари.
Највисока била заработувачката во секторот финансиски и осигурителни дејности од 737.474 денари, потоа во сектор снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 624.274 денари, стручните,научните и техничките дејности имале во 2014 година просечна бруто заработувачка од 574.100 денари.
Просечната бруто заработувачка била најголема кај претпријатија со 250 и повеќе вработени и изнесувала 457.617 денари.
Во скопскиот регион била највисока просечната бруто заработувачка од 477.882 денари, следи југозападниот со 464.947, полошкиот со 353.090 денари, југоисточниот со 333.541 денари, источниот со 324.216 денари, вардарскиот со 312.554 денари и североисточниот регион со 264.415 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст