| четврток, 6 декември 2018 |

Нова авиолинија наменета само за муслимани

Оваа опција на клиентите им е на располагање од вчера, кога беше спроведен првиот лет од Куала Лумпур до островите Лангкава.

Согласно шеријатот на летовите наменети за муслиманите се служат исклучиво халал оброци, а пред полетувањето се чита молитва.

Халал оброците не содржат алкохол, свинско, ниту кој било друг производ од свински потекло, ниту месо од животни, кои не се заклани во согласност со исламските процедури, пишува „Дејли мејл“.

Халал стандардот се однесува и на козметичките производи, кои можат да содржат сосостојки од животинско потекло.

Сите стјуардеси ќе носат хиџаб, додека патниците од другите вероисповеди ќе мораат да бидат пристојни облечени.

– „Рајан Ер“ е првата малезиска авиокомпанија, која воведе летови прилагодени на муслиманите, засновани на шеријатските закони. Горди сме на тоа. Планираме со текот на времето уште повеќе да ја усовршиме оваа понуда, изјави Џафар Замхари, генерален директор на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top