Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола го прослави својот 60-годишен јубилеј со традиционален годишен концерт.
Ова културно уметничко друштво, 60 години ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција,чувар е на традицијата и амбасадор на битолската и македонската народна култура ширум светот.
КУД „Илиден“ во текот на своето 60 годишно постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајки го македонскиот фолклор. Едни од последните гостувања се и оние во Дуги Рат но и како делегација во Перу на светскиот конгрес на меѓународната федерација за фолклор.
Оваа година покрај сплетот на игри од демирхисарско, чиј автор на сценската адаптација беше Александар Стефановски и кореографската постановка Македонија, за прв пат беше изведена постановката Охридски староградски игри, чиј автор на сценската адаптација е Валентин Соклевски, а беше изведена од ветераните на КУД „Илинден“.
Гости на концертот беа Виолета Томовска, група Фонтана, Кирил Стојчевски и други. Посебно внимание предизвика и изведбата на Илинденско, на раководителот на оркестарот Славе Наумовски.
Секоја година КУД „Илинден“ бележи од 40 до 100 настапи. Покрај многубројните награди и признанија, оваа година ова друштво се зикити со највисокото признание на Битола-наградата 4-ти ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.