| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирана и десетина дена силувана 25-годишна жена од Кривопаланечко

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С.(32), двајцата од село Герман, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела противправно лишување од слобода и силување.

Пријавените, во периодот од 9 до 21 декември годинава во местото викано Гарејци, атар на село Герман, противправно држеле 25 годишна жителка на кривопаланечкото село Нерав во нивната семејна куќа во село Герман, при што и ја ограничиле слободата на движење и, исто така, со закани вршеле полови дејствија.

Пријавените, исто така, и ја ограбиле оштетената при што и одзеле 500 евра, мобилен телефон, златно ланче, а и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и невенчаниот сопруг.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top