| четврток, 6 декември 2018 |

ФХ3Х работеше на пет од 10 филмови во изборот за „Оскар“

Филмовите „Антмен“, „ Одмазници: Ерата на Ултрон“, „Марсовец“, „Повратникот“,  „Утре земја“на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х влегоа на потесната листа од 10 филмови кои се во трка за номинација за Оскар.

Покрај овие пет филмови, на листата кандидати за престижната статуетка за визуелни ефекти што денеска ја објави Американската акдемија за филмски науки и уметности се и  „Ex Machina”, „Jurassic World”, „Mad Max: Fury road”, „Star Wars: The Force Awakens” и „The Walk”.

Конечната листа од пет филмови кои ќе се борат за Оскар, Академијата треба да ја соопшти на 14 јануари 2016 година, додека церемонијата на доделувањето на Оскарите ќе биде на 28 февруари во Долби арената во Холивуд.

ФХ3Х 2015 година ја заокружува со филмот „Виктор Франкенштајн“ на кој се работеше во февруари, а беа ангажирани 20 артисти. Премиерата на филмот е в четврток во Синеплекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top