Во текот на овој ден жените не работат, а некаде бдејат цела ноќ во пресрет на празникот додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат, велат: Слушам слушам, петли, своето го чувам, селското го собирам.
Во некои села мајките со женски деца одат околу куќата и фрлаат пепел или просо за да ја заштитат куќата од зло. Болните жени одат во манастири на молитва, а неродилките заминуваат на конак каде остануваат по три дена.
Во минатото мажите, чиишто жени по подолго време забременувале, заминувале на полноќ на виленските или на други проколнати места и забодувале крстови направени од тисово дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.