Во изминатите шест години имавме три политички кризи, секоја посериозна и подлабока од претходната. Толку долго и толку често опстојувавме во политички кризи, што, некои забележуваат дека кризата стана наше секојдневие. Минатата година, од ова исто место, реков дека клучниот збор за 2015-та треба да ни биде дијалог. Но, дијалогот изостана. Политичкиот воздух стана толку загаден од сомнежи и меѓусебни обвинувања што почна да го гуши македонското општество, истакна претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
– Поради политичка неодговорност го добивме „Договорот од Пржино“. Добивме договор меѓу политичките лидери на кои уставниот поредок не им беше доволен за да се сретнат, да седнат и да се договорат. Наместо во институциите на државата, отидоа да се среќаваат на други места и во други формати. Ќе се воздржам од натамошен коментар, но ќе го кажам само ова: нивна беше одлуката, нивна е и одговорноста за Пржино. Оние кои си презеле обврска треба и да си ја исполнат, порача претседателот Иванов.
Посочи дека како претседател бил прозиван во јавноста, во медиумите, меѓу граѓаните, се пишуваше и зборуваше дека го нема и дека не е активен.
– Граѓаните треба да знаат дека расплетот на секоја политичка криза во изминатите шест години беше на моја иницијатива. Како Претседател на Република Македонија и во 2011-та, и во 2012-та ги собирав лидерите на политичките партии во мојот кабинет сè додека не најдат решение. И за последната криза постојано истакнував дека мојот кабинет е отворен за лидерските средби. Но, некои политички лидери не сакаа да доаѓаат кај Претседателот на Републиката. Тие за жал, и денеска ги оставија своите места во домот на демократијата празни и сносат дел од одговорноста за состојбата во која ни се наоѓа државата, рече Иванов.
Неговите напори во решавањето на кризата, како што посочи, не секогаш ги истакнувал јавно во интерес на дијалогот меѓу лидерите. Сакал да им остави доволно време и доволно простор тие самите да дојдат до решение.
– Мојата цел не беше мојот личен рејтинг, туку решение на оваа криза. Како и досега, јас никогаш не си припишувам заслуга ниту, пак, барам пофалба за нешто што е моја должност. А како претседател и врховен командант, должност ми е да се грижам за државниот интерес. Бидејќи цврсто верувам дека наместо власта и моќта, државата треба да ни е пред сè. А државата сме сите ние, граѓаните на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево