Ако ви здосади секогаш да пребарувате по таблиците колку калории има она што го јадете секој ден, еве идеја која дефинитивно ќе ви помогне при слабеењето.
Прејадувањето не е добро за нас. Ако се грижите за својата линија, обично по некое време почнувате да следите колку калории ќе изедете и се губите во таблиците обидувајќи се да пресметате што всушност имате во чинијата (сега постојат и апликации за смартфони кои тоа го прават наместо вас).
Поефикасно е да ги броите залачињата. Логиката е едноставна- луѓето најчесто јадат ограничен број јадења и ќе биде доволно едно броење за секое јадење и ќе знаете во колку залаци сте го изеле. Наредниот пат, намалете го бројот на залаци, вишокот храна оставете го за следниот ден или за вечера, и ете неколку килограми помалку, откако ќе го преброите своето јадење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.