Лоши вести за хипстерите – не само што брадата полека излегува од мода, туку и би можела да стане знак на најлошите човечки склоности: насилството, неверството и нечесност.
Истражувањето на социјалната мрежа „Ева“, спроведено на повеќе од 2.000 Британци, открива дека брадестите мажи имаат контроверзен карактер.
Дури 62 проценти од испитаничките сметаат дека брадата не го прави посилниот пол привлечен и вели дека никогаш не би биле во љубовна врска во брадест маж.
Меѓутоа испитаничките на кои брадата кај момците им се допаѓа, 35 проценти од нив рекле дека најмногу сакаат проседа брада.
Од друга страна пак, 45 проценти од брадестите мажи признале дека имаат малку насилничко однесување, додека тој процент кај избричените мажи изнесува 29 проценти.
Исто така, 47 проценти од мажите со брада признале дека ги изневеруваат своите партнерки, за разлика од мажите без брада од кои се неверни се само 20 проценити.
Дека извршиле кражба потврдиле 40 проценти од оние со брада, и само 17 проценти од избричените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст