| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер на нозе! Вистина или гласини?

0695793001388919547_514775_600x458_actualno

Германското издание „Bunte“, ги израдува илјадниците обожаватели на Михаел Шумахер со статија во која тврди дека легендарниот пилот во Формула 1 повторно е на нозе. Весникот се базира на свои извори блиски до Шумахер.
-Тој успеа да направи неколку чекори. Може да ја крева и едната рака, тврдат изворите.
Нивните зборови сепак беа демантирани од менаџерката на Шумахер, Сабине Кем.
-За жал не е точно. Михаел уште не може да се движи. Таквите информации се неодговорни, бидејќи даваат лажни надежи на неговите блиски и обожавателите, вели таа за „Bild“.
Сепак „Bunte“ не се откажа и продолжува да тврди дека изворите му се веродостојни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top