| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ и се е можно: Му ја украдов колата на тренерот, не ми се одеше пешки

Sweden press conference

Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ повторно е во центарот на вниманието, навраќајки се на своето минато и самите почетоци во фудбалот. Тој уште еднаш посочи дека му било многу тешко да се прилагоди на шведскиот стил на живот со својот балкански менталитет.
Како што открива, најтешко му паднал разводот на родителите кога имал само две години, по што Златан станал проблематично дете.

– Живеев во хаос во предградието на Малме – Розенград, своевидно гето во кое се наоѓаа луѓето од Балканскиот полуостров. Тепачките на улица ми беа секојдневие, кражбите исто така. Крадев бомбони, но исто така и велосипеди, на крајот дури и автомобилиди. Кога нешто ќе ми требаше не одев во продавница да го купам, туку го крадев. Еднаш дури и го украдов автомобилот на својот тренер, не ми се пешачеше пет километри по тренингот кон дома, па најдов полесен начин. Тренерот дозна и можеше да ме исфрли од тимот, но не го стори тоа бидејќи веруваше во мене – изјави Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top