Месецот во кој сте родени може многу да открие за вашиот карактер…
Јануари – личностите родени во овој месец се сериозни и амбициозни, сакаат да учат и да бидат подучувани. Внимателни се со туѓите маани и слабости, но сакаат да критикуваат. Сакаат да работат и продуктивни се, паметни, уредни и организирани. Чувствителни се и сакаат да ги усреќуваат луѓето околу себе. Вечно се мирни и воздржани, но на нив лошо влијаат возбудата и напнатоста, затоа што не сакаат исчекувања. Сакаат деца, лојални се и имаат постојана потреба за подобрување на социјалните врски. Исто така, знаат да бидат умерено љубоморни.
Февруари – родените во овој месец се вистински реалисти. Интелигентни и паметни, но склони се кон промени на личноста. Мирни се, срамежливи и скромни, искрени и предадени, но и доста темпераментни. Одлучни се во остварувањето на своите цели. Склони се кон бунтовничко однесување кога ќе почувствуваат дека слободата им е ограничена, затоа што ја обожаваат. Чувствителни се и лесно се навредуваат, а својата лутина и бес никогаш не ги кријат. Романтични се, но не сакаат да покажат. Сакаат да започнуваат нови пријателства, храбри се и тврдоглави. Си го сакаат слободното време и максимално го користат за забава.
Март – личностите родени во март се доверливи, срамежливи, резервирани и таинствени. Искрени се и имаат добра душа. Сакаат постојан мир и спокој, а сакаат и да им угодуваат на блиските и саканите. Не се лутат лесно, благодарни се и свесни за она што го заслужуваат. Но, сакаат да ја вратат секоја услуга која ја должат. Големи и вечни сонувачи се, имаат бујна фантазија и сакаат да патуваат. Одлични се кога се работи за изборот на партнерот и пријателите.
Април – родените во овој месец се активни и динамични. Одлучни се, но склони кон каења кога ќе донесат нерационална одлука. Сакаат да си ги задоволуваат своите потреби, а сакаат и кога се во центарот на вниманието. Пријателите им се нешто најважно во животот и сакаат да помагаат. Секогаш имаат решенија за туѓите проблеми и се најудобното рамо за плачење. Храбри се и бестрашни, но и емотивни. Знаат да бидат агресивни и по природа сакаат да вратат со лошо на секој кој заслужува. Се трудат секогаш да бидат во движење и да ги мотивираат другите. Лесно стануваат љубоморни, тоа им е единствената маана.
Мај – личностите родени во мај се тврдоглави и имаат затворено срце. Имаат силна волја и се секогаш мотивирани за остварување на личните цели и желби. Паметни се и лесно се лутат. Емотивни се, но и лесно потпаѓаат под туѓо влијание. Сакаат да сонуваат и имаат бујна фантазија. Полни се со разбирање, добри соговорници, ја сакаат книжевноста и уметноста, како и патувањата. Никогаш не сакаат да остануваат сами или затворени во еден простор. Внимателни се, храбри, но полни се со немирен дух.
Јуни – родените во месец јуни се пристојни, чувствителни и љубезни. Секогаш може да ги натерате да ги променат своите ставови и мислења. Чувствителни се и внимателни. Пребирливи се и секогаш го сакаат она што е најдобро. Но, често знаат да бидат и темпераментни, духовити и забавни. Друштвени се и лесно остваруваат пријателства. Ситничави се, сакаат да се дотеруваат и без проблем ќе ве предупредат ако некаде грешите. Ретко ги покажуваат своите најдлабоки емоции и им треба доста време да се оправат кога се повредени. Исто така, склони се кон филозофирање и објаснување со нивните непријатели.
Јули – родените во месец јули се забавни, таинствени и тешко е да ги разберете во потполност. Повеќето се мирни, освен кога се возбудени или напнати. Горделиви се, чесни, тактични и лесно достапни. Претерано емотивни се, но понекогаш и непредвидливи. Се грижат за туѓите чувства и пријателски се расположени, грижливи се и полни со љубов. Не сакаат да се одмаздуваат, простуваат, но тешко забораваат. Внимателни се и остроумни. Упорни се во остварување на целите кои ги зацртале. Често знаат да бидат склони кон претерана загриженост.
Август – личностите родени во август се атрактивни, храбри и бестрашни. Имаат одлики на добар водич затоа што лесно управуваат со туѓите емоции. Егоистични се, горделиви и сакаат пофалби на нивна сметка. Исто така, поседуваат извонреден дух. Лесно се лутат и не им е проблем да избувнат, но само ако се предизвикани. Инаку се внимателни. Знаат да бидат друштвени и лесно склопуваат пријателства, но кога се работи за љубовните врски, понекогаш се претерано љубоморни. Независни се, мислат брзо и лесно се снаоѓаат во животот.
Септември – родените во овој месец се секогаш внимателни и организирани. Склони се кон истакнување на туѓите грешки и сакаат да критизираат. Тивки се, но знаат да бидат доста гласни кога има потреба од тоа. Сочувствуваат со своите блиски, се грижат и лесно се врзуваат. Верни се и искрени, паметни и многу често тежнеат кон подобро образование и поопширни информации. Ги сакаат сите спортови, но сакаат и да одмараат на луксузни дестинации. Таинствени се, но полни со разбирање и мотивација. Тешко ги покажуваат чувствата, па затоа често се пребирливи кога се работи за љубовни партнери.
Октомври – оние кои се родени во октомври се атрактивни и гламурозни. Имаат прекрасен физички изглед, но и одлични мисли. Сакаат да разговараат, одговорни се и проблемите секогаш ги решаваат од корен. Не сакаат лаги или лажни маски. Сочувствуваат со своите пријатели, но лесно знаат да се навредат ако не го добијат истото за возврат. Добро проценуваат, одлучни се, полни со љубов и грижи и склони се кон фантазирање. Знаат да бидат брзи и претерано арогантни, но само во случаи кога се чувствуваат несигурно. Уште една маана им е лесното губење на довербата.
Ноември – личностите родени во овој месец се полни со идеи, секогаш размислуваат за иднината, уникатни се и брилијантни. Добро проценуваат луѓе, динамични се и љубопитни. Храбри се, одлучни и трпеливи. Не се лутат лесно и не се склони кон откажување, затоа што веруваат дека за секој проблем постои решение. Кога ќе се заљубат сакаат силно, емотивни се и романтични, но можат да бидат претерано непредвидливи во љубовта. Вреди да им верувате, затоа што се одлични во чување тајни. Единствено нешто што им е тешко да го контролираат се емоциите кои понекогаш буквално ги обземаат.
Декември – родените во овој месец се лојални и грижливи. Нестрпливи се и често избрзуваат. Активни се во игри и забави и сакаат да се дружат. Амбициозни се и лесно достигнуваат успех на секое поле. Ги сакаат пофалните зборови и вниманието кое го добиваат. Искрени се и не знаат да се преправаат. Не се егоистични, само се горделиви на она што ќе го достигнат. Сакаат да се шегуваат на своја, но и на туѓа сметка затоа што имаат добра смисла на хумор. Најсреќни се кога се сакани, затоа што тогаш се најмоќни. Единствена маана им е љубомората која не секогаш ја контролираат најдобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.