Жива вистина.
Инструкторите по возење во Холандија имаат право да прифатат секс како вид на наплата за услугите кои ги обезбедиле.
Најновиот закон „Возење за возење“ Владата во Холандија го прифатила и важи за сите почетници кои се постари од 18 години.
Проституцијата е легален вид на работа во Холандија, се додека лицето кое се занимава со оваа работа има лиценца и плаќа данок на државата, но новиот закон оди чекор понатаму, пренесуваат медиумите.
Не се сите воодушевени со новиот закон. Пратеникот Герт Јан Сегер, членот на конзервативната партија на Обединети христијани покренал прашање за морал и барал овој закон да се повлече, како и таквиот вид на исплата да се казнува.
-Не станува збор за нудење на сексуални услуги како вид на компеназција туку нудење на часови по возење. Иницијативата се наоѓа во рацете на инструкторите кои треба да го одржат часот по возење, а кога сексот ќе се понуди како вид на наплата, тоа е проституција – истакнале министерката Мелани Шулц и министерот Ард ван дер Стеур.
„Возење за возење“ моментално е најбараната фраза на интернетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.