| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка ќе испрати 25 полицајци и 770 илјади евра за Македонија

Чешка ќе испрати 25 полицајци во Македонија за да помогнат со миграциската криза, а ќе донира и 770 илјади евра парична помош, одлучи денеска чешката Влада.

– Чешка ќе продолжи со помошта за совладување на бегалските бранови во Европа. По Унгарија и Словенија ќе испратиме полицајци и во Македонија, каде ќе помагаат со оддржување на редот, изјави премиерот Бохуслав Соботка.
Příslušníci_Policie_České_republiky
Полицајците ќе престојуваат во Македонија од средината на јануари до крајот на февруари следната година.
Паричната помош, македонските власти ќе можат да ја искористат за набавка на опрема и бегалски кампови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top