Премиерот Никола Груевски упати честитка до претставниците на турската заедница во Република Македонија по повод 21 Декември – Денот на настава на турски јазик.
– Негувањето на народниот јазик е наша традиција и наша обврска. Мајчиниот јазик отсекогаш претставувал значајна одлика на националната мисла во секоја држава и креатор на душата на народите кои ја населуваат. Затоа овој ден е од големо значење за Турците во Република Македонија, но во исто време е од значење и за нашата држава која со години наназад претставува сплет на култури, етникуми и религии. Со одбележување на овие празници, оставаме силна порака до следните генерации, порака на заедништво и почитување на културата на другите. Таквата порака ја оставаме и со голем број проекти од областа на културата, образованието, поддршка на традициите и сите останати области од значење за турската заедница во Македонија, но и од значење за македонската заедница во Турција и односите помеѓу Македонија и Турција, стои во честитката.
Големиот празник 21-ви Декември, како што додава Груевски, е денот кој симболично е поврзан со можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик, како едно од основните фундаментални права на човекот.
– Наша трајна определба е таквите обележја да ги почитуваме, негуваме и прославуваме како еден од нашите основни општествени постулати и наши заеднички придобивки. Само на тој начин, со почитување и взаемна соработка ќе продолжиме да ја негуваме и развиваме Република Македонија како заедницата на рамноправни граѓани, како заедница која треба да овозможи квалитетен живот и добра перспектива на сите идни генерации во државата, се наведува во честитката од премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии