Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се сретна со Владимир Василев, кој е гостин на годинешното, деветто издание на манифестацијата „Танц-фест“ и воедно добитник на наградата „Менада“, што ја доделува Советот на фестивалот за врвни достигнувања во областа на танцот.
Станува збор за врвен руски изведувач со извонреден опсег, кој поседува ретка уметничка дарба и виртуозност, дипломирал на балетската школа при „Бољшој“ во Москава и триесет години е водечкиот танчар при театарот „Бољшој“. Многубројните балетски претстави и улоги се потврда за импресивната виртуозност во неговата игра без разлика дали е Спартак, Иван Грозни, Зорба, Ромео или Иванушка. Неговиот дует со Екатерина Максимова останува до денешен ден ненадминат пример за партнерство на сцената, признат и од Танцовата академија од Париз како најдобар дует на светот.
– Од огромно значење е и неговиот придонес во развојот на класичниот балет, при што, креирајќи нови танцови стандарди, оформил неколку генерации уметници вклучувајќи ги и сегашните. Владимир Василев, кој со својата дејност ги менува текот и развојот на балетската уметност на 20 век, е добитник на значајни награди и признанија меѓу кои: Народен уметник на Русија, професор при Руската академија за изведувачки уметности, член на Руската академија на уметностите, а е добитник и на државните награди на СССР и на Русија, Руската Нобелова награда, наградата „Нижински“ за Најдобар танчар на светот, како и наградата од Париската академија за танц за најдобар дует со неговата сопруга Екатерина Максимова. Неговото доаѓање во Македонија ќе ја продлабочи соработката меѓу македонските и руските танчери и кореографи – рече Канческа-Милевска.
Таа додаде дека го поканила Власилев на отворањето на новиот обејкт на Стариот скопски театар, на првата премиера на 1 септември.

Рускиот кореограф Владимир Викторович Василев се заблагодари за поканата да присуствува на „Танц-фест“ и изрази надеж дека неговата посета ќе даде поттик за развој на македонскиот балет.
– Многу е важно човекот додека е жив да му се додели награда, да се оцени целиот негов придонес и уметност, а не само кога тој ќе отиде во странство или ќе си замине. Да се почитува тоа што се има. Многу ми е драго што јас можам да придонесам со овој чекор, што ја оценивте и мојата уметност и мојата заслуга во балетската уметност и тоа што можам да придонесам во развој на македонската уметност – посочи Василев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени


