| четврток, 6 декември 2018 |

Хашкиот суд ќе престане со работа до крајот на 2016 година

­ Судот за воени злосторства во поранешна Југославија со седиште во Хаг, ќе престане со работа до крајот на 2016 година, соопшти денеска претседателот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ.

hag

 

Љајиќ, кој воедно е и српски вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации, нагласи дека Трибуналот веќе формирал судски совети кои ќе имаат задача да ги донесат пресудите за случите, кои ќе останат незавршени по затворањето на Судот.

Во врска со пресудата против лидерот на Српската радиклана партија (СРС), Воислав Шешељ, Љајиќ рече дека иако сѐ уште нема никави официјални најави, сепак, извори во Трибуналот изјавиле дака таа најверојатно ќе биде изречена во текот на март идната година. ­

– Хашкиот суд доживеа најголем неуспех со процесот против Шешељ – оцени Љајиќ.

Тој нагласи и дека Владата на Србија на Трибуналот му ги дала неопходните гаранции за времено ослободување на поранешниот директор на српското разузнавање, Јовица Станишиќ, и на неговиот заменик Франко „Френки“ Симатовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top