| четврток, 6 декември 2018 |

Безживотно тело на жена пронајдено во Вардар

kej na vardar

Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Скејт паркот во Скопје.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот било утврдено дека се работи за 79-годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Телото на жената го пронашол скопјанец кај кого Драгиња подолго време живеела како потстанар. Неофицијално, таа неколку пати му рекла дека сака да си го одземе животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top