| четврток, 6 декември 2018 |

Четири хороскопски знаци кои се идеална астролошка двојка

 хоро

Ѕвездите велат дека овие две хороскопски двојки кога-тогаш, дефинитивно ќе завршат заедно.

Риби и Девица

На Рибите сѐ им е опуштено, како да живеат во свет без грижи. Тие се родени оптимисти, а по прашањето на љубовта и сексот се прилично незаситни. Само ретките меѓу нив имаат морални кочници, па затоа често ќе сретнете припадник на овој знак со либерални сфаќања во врска со сексот.

Од друга страна, Девицата е мал диктатор кој сака да се знае кога е време за шеги и забава, а кога за сериозни работи. Проблемот е во тоа што тој модел го применува и во сексот.

Кога ќе се спои со Риби, таа добива ветар во грб и нејзините особини двојно се засилуваат, а во комбинација со овој незаситен сексуален магионичар неминовно чинат фатална комбинација. Може и двајцата да се опираат и да тврдат дека рационално го водат и контролираат својот емотивен живот, но оваа врска на крајот нема да може да се избегне. Порано или подоцна, овие два знака ќе се стопат во дива страст.

Стрелец и Близнаци

Овие два знака претерано се привлекуваат и тука нема дилема. Нивната компатибилност би можела да се опише како кармичка, бидејќи нивните сензибилитети и скриени желби едноставно совршено се надополнуваат едни со други.

Стрелците, кои и онака имаат подивени хормони, хемиски реагираат на присуството на Близнакот и нивното влијание на психата се зголемува и ја презема контролата врз овој, инаку, рационален знак. Либидото, емоциите, желбата и психичката зависност од Близнаците е неминовна. Потребно е само да ги смесите во иста соба и искрите почнуваат.

Близнаците од друга страна, свесно ги сакаат Јарците, но тие самите не одлучуваат многу околу тоа. Кога станува збор за спојувањето со Стрелец, оваа проблематика почесто ја решаваат нивните гениталии, а не нивниот мозок. Нивните интимни сеанси можат да бидат маратонски, а изјавите на нежност во јавност претерани, па дури и неподносливи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top