Реал Мадрид со многу мака успеа да се пласира во Топ 16 фазата од Евролигата, па „кралевите“ решија да ги засилат своите редови за да останат сериозни конкуренти во одбрана на европската круна. Кејси Риверс е кошаркарот што ќе претставува суперзасилување за „кралскиот клуб“ во вториот дел од сезонава, откако одличниот американски кошаркар се согласил на камбек во Мадрид, неполна година откако го предводеше Реал до европската титула, а потоа си замина во Баерн Минхен.
Договорот што Риверс го имаше со Баерн истече со вчерашниот дуел против Лудвисбург, по што извонредниот шутер им ја соопштил на челниците на баварскиот гигант одлуката дека нема намера да продолжи да настапува за овој клуб, кој беше елиминиран и од Евролигата.
„Кралевите“ беа во потрага по засилување за крилната позиција по повредата на Руди Фернандез, а изборот на Риверс е одличен со оглед на фактот дека станува збор за играч што е добро запознаен со тактичките замисли на тренерот Ласо, па воопшто нема да му треба време за адаптација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен