Дури 78 заштитни елеци, панцири полицијата пронашла при претресот во акцијата во која беше проведена тричлената фалсификаторска група, објави „Пресс 24“.
Повикувајќи се на свои извори, медиумот објавува дека истрагата сѐ уште утврдува дали и за што се користеле панцирните елеци. Полицијата треба да провери за какви цели групата кај себе држела толку голема количина тактичка опрема со која може да се опреми една цела чета.
Криминалната група што беше приведена има дебело полициско досие. Меѓу кривичните дела за кои биле гонети има и такви од областа на насилниот криминал. Не се исклучува можноста панцирните елеци да требало да бидат логистичка поддршка за друга криминална група.
Сѐ уште не може да се добијат официјални информации од органите на прогонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.