Полицијата во акцијата за разбивање на фалсификаторската група заплени идентични машини какви што можеа да се видат на снимките објавени од „Фокус“ пред една година, кога беше објавена евентуалната афера за фалсификуваните пасоши.
Како што дознава „Прес 24“ од извори во истрагата, изгледот е идентичен со тој што го објави „Фокус“ сакајќи да конструира сторија во која ќе ја обвини власта како одговорна за незаконско печатење документи.
Освен тоа, запленети се три секачи, една преса, апарат за обработка на пластика, различни видови хартија, налепници и печати од повеќе правни лица
Одземени се и компјутери и голем број надворешни харддискови, а во еден од компјутерите се пронајдени 520 подготовки во „корел“ за лични карти, кои требало да бидат фалсификувани.
Одземени се и повеќе ласерски печатачи и листови од разни банкарски сфивтови, кои требало да бидат употребени за фалсификување и фабрикување афери.
Тоа што ги зачудило и органите на прогонот е фактот дека кај еден од осомничените биле пронајдени и 78 заштитни елеци, односно панцири.
За која намена им биле и дали претходно некаде ги употребиле, истрагата ќе утврдува дополнително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.