Тешка сообраќајка се случи утрово кај Универзитетот ФОН, на крстосницата меѓу улиците „Перо Наков“ и „Киро Глигоров“. Автомобил „опел астра“ управуван од Д.М. (30) излетал од патот и прво удрил во три метални столбчиња, за на крај да се забие во метално рекламно пано, кое од силината на ударот се превиткало и паднало врз возилото.
Од силината на ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување.
Несреќата се случила ноќва во 2.30 часот.
Од СВР Скопје велат дека по извршениот увид ќе се знаат причините за несреќата.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.