Македонскиот сликар Јордан Манасијевски е добитник на наградата „Микеланџело“ која ја доделува италијанската уметничка фела. Наградата се доделува на уметници од целиот свет кои оставаат печат во новата современа уметност.
Во палата „Кардинал Цеси“ во Рим, во присуство на италијанскиот културен естаблишмент се одржа голема прослава на 10 декември кога се одбележуваа 500 години од изработката на скулптурата „Мојсеј“ на еден од најголемата италијански мајстори на ренесансата Микеланџело.
Манасијевски беше дел од наградените и му беше доделана реплика од скулптурата „Мојсеј“ со цел да се истакне неговата уметничка вредност и неговиот постојан придонес во светот на уметноста.
Наградата во негово име ја прими неговиот промотор Љупчо Жупан, сопственик на галеријата „Букефал“ која е истовремено и екскулизивен застапник за продажба и промоција на делата на Манасијевски.
Манасијевски за својата работа досега има признанија од Кембриџ, Токио, Париз, а во следната, 2016 година во Верона продолжуваат неговите интернационални активности на промоција на сликарството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





