| четврток, 6 декември 2018 |

Како најбрзо да се ослободите од вирозите

Во време на вирози ви даваме три совети како побрзо да се ослободите од настинката.

1. Најважен е добриот сон 
Истражувањето потврди дека недостатокот на сон ја намалува отпорноста на организмот, поради што телото не е доволно силно за да се бори против настинки и затоа има 4 пати поголеми шанси да се разболите.

Ако имате симптоми на вирус важно е во  наредните неколку дена да си  обезбедите  минимум 7 часа спиење. На овој начин, телото ја враќа силата и побрзо закрепнува.

2 Пробиотик  за спас 
За време на студ телото е изложено на голем број на промени кои може да го нарушат нормалното функционирање. Тогаш се чуствува  течење на носот, отежнато дишење преку носот и главоболки.

Пробиотици се полни со добри бактерии кои ќе го  зајакнат  имунолошкиот систем и ќе овозможат  нормално функционирање на слузницата. Ако имате настинка, секое утро треба да пиете  еден пробиотик, додека симптомите не исчезнат целосно.

3. Додаток на  цинк

Во прилог на витамин Ц, кој е одличен сојузник во борбата против настинки, се покажало дека зголемениот внес на цинк му помага на телото да се опорави од болеста побрзо и значително да го скрати времетраењето на настинката.

Истражувањето потврди дека со внесување на доза од 75 милиграми цинк дневно на телото може да се брани и да се опорави од вирусот на колку што е 40 проценти побрзо.

4. Против кашлица – прополис
Најдобро средство против кашлица е прополисот. Содржи богата мешавина од витамин Б и минерали. Дури и лажиче мед пред спиење е доволно за да се смири кашлањето. Во медот можете да ставите и издробен лук. Доколку осетите дека кашлицата е упорна, пијте повеќе чај од липа.

За црвено грло – лимон и мед
Жежок лимон и мед се испробан рецепт со кој се смирува болното и црвено грло. Правете гаргара со потопла течност, бидејќи така ги убивате бактериите. Сварете вода и сол и што почесто во текот на денот правете гаргара со тој раствор. Болката и воспалувањето би требало бргу да поминат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top